Манифестацијата по повод светскиот Час на планетата Земја

Голем број градови во Америка, Европа, Азија и Далечниот Исток беа затемнети

286486
Манифестацијата по повод светскиот Час на планетата Земја

172 земји на различни географии на планетава Земја, со цел да привлечат внимание на климатските промени учествуваа на манифестацијата Светски час.

Голем број градови во Америка, Европа, Азија и Далечниот Исток кои ја поддржа манифестацијата, со минути беа затемнети.

На манифестацијата учествуваа сто илјадници граѓани ширум целиот свет и истовремено ги затворија светилките во домовите, а исто така беа затворени декоративните светла на познатите светски спомен обележја ширум целиот свет.

Зградата на познатиот облакодер во САД, Емпајр стејт билдинг, Ајфеловата кула во Париз, Акрополис во Грција, Колезиум во Италија и низа голем број други објекти го затворија осветлувањето на привремено време.

Во рамките на манифестацијата што беше одржана во Турција, цел еден час беше затворено осветлувањето на сараите Долмабахче, Нејлернеји, музејот Ајасофија, палата Ќучуксу касри, сарајот Топкапи, Кулата Галата, џамијата Ортаќој и Мостот на Босфор како и низа други монументални споменици.

Манифестацијата „Час на планетата Земја“првпат почна д асе одржува во март 2007 година под покровителство на австралиската Фондација за заштита на природниот живот во градот Сиднеј, а во 2008 година прерасна во глобална акција.

Преку манифестацијата се планира да се развие свеста за потребата за климатските промени, заштита на ограничените природни извори во светот.


Тагови:

Слични вести