Ауди без возач на најдолго пробно возење

Карактеристики на автомобилот Ауди SQ5 ќе бидат тестирани во рамките на 10 дневното пробно возење од Сан Франциско до Калифорнија

281516
Ауди без возач на најдолго пробно возење

Автомобилот Ауди SQ5 кој како резултат на развиената програма за поддршка за возење без возач може да патува без возач, во недела ќе излезе на најдолгото патување.

Автомобилот без возач се предвидува да патува околу 3 500 милји (околу 5 632 км) и тоа од Сан Франциско до Калифорнија.

Автомобилот Ауди SQ5 се предвидува да помине најдолг пат досега и истовремено ќе биде прво патување покрај крајбрежје.

Ауди со ова пробно возење ќе ги испроба потенцијалните опасности на патот, воздушните и промените на теренот, како и можностите за возење во различни услови.

Автомобилот Ауди SQ5, благодарение на навигациониот систем, камерите и комплексните сензори, се контролира од страна на умните софтвери кои можат да донесуваат одлуки и решенија слично на човекот.

Автомобилот располага со варијации на автоматски пилот за градско возење, автоматски пилот за автопат, пилот за автоматско паркирање и лцие за паркирање.

Сите карактеристики на автомобилот ќе бидат тестирани во рамките на 10 дневното пробно возење од Сан Франциско до Калифорнија.


Тагови:

Слични вести