Денес е 22-март - Светски ден на водата

Главна тема на годинашниов светски ден на водата е „Водата и одржливиот развој“

Денес е 22-март - Светски ден на водата

Во пораката на Министерството за евроинтеграции по повод Светскиот ден на водата беше подвлечено на значењето на позитивниот придонес на процесот на пристапувањето во ЕУ врз Турција особено во управувањето со водите во земјата.

Во соопштението беше истакнато дека секој нов чекор што ќе се примени при имплементацијата на стандардите наЕУ, ќе придонесе кон зголемувањето на нивото на квалитетот на животот и просперитетот на граѓаните.

Во рамките на процесот на пристапувањето на Турција во ЕУ се внимаваше на активностите за заштитата на подземните води од загадување и деградација, квалитетот на површинските води од кои се добива чиста вода за пиење, како и активно следење на површинските и подземните води.

Од европските фондови за инфраструктурата на отпадните води во Турција во финансискиот период од 2002 до 2006 година беа потрошени 22,5 милиони евра.

Во финансискиот период од 2007 до 2013 почна изградбата на 21 проект за чиста вода за пиење и отпадни води чија вредност изнесува 546 милиони евра.


Тагови:

Слични вести