Авионот на сончева енергија почна со светската турнеја

Авионот на сончева енергија „Солар импулс 2“ по низа тестови и пробни летови го започна летот околу светот

255460
Авионот на сончева енергија почна со светската турнеја

Авионот, утринава во 07.12 полета од аеродромот во Абу Даби.

Успешното прелетување на авионот на сончева енергија околу светот, има големо значење особено од аспект на продуктивноста на изворите на обновлива енергија.

Авионот кој на пат тргна под слоганот „чиста енергија“ е резултат на 13 годишна работа и труд.

Авионот ќе биде управуван од страна на 63 годишниот швајцарски пилот Андре Боршберг, а ќе биде придружуван од страна на шведскиот пилот Бертранд Пикар.

Првата станица на слетување на авионот ќе биде Мускат, главниот град на Оман.

Авионот на сончева енергија, патувањето околу светот се очекува да го заврши за пет месеци.

Во тие рамки беа определени 12 станици и времетраењето на летањето ќе трае 25 дена.

Вкупната должина на крилата на авионот изнесува 72 метри и енергијата се обезбедува од страна на 17 илјади сончеви ќелии.

Авионот е доста лесен и лета со просечна брзина на час од 50 до 100 км.

Батеријата на авионот за да може да биде поефикасна, авионот се предвидува да лета со помала брзина и во ноќните часови.


Тагови:

Слични вести