Вирусот ебола ги убива болните, а самиот не умира

По убивањето на инфицираното лице, вирусот 7 дена може да преживее во мртвото тело на пациентот и да продолжи со заразувањето

246595
Вирусот ебола ги убива болните, а самиот не умира

Вирусот ебола кој во последната година дена беше причина за смртта на над 9 илјади лица во Западна Африка, по убивањето на инфицираното лице 7 дена може да преживее во мртвото тело на пациентот и да продолжи со заразувањето.

Проф. д-р Винсент Мунстер и екипата од американскиот Национален институт за здравство (National Institutes of Health - NIH) ги истражија органите на мајмуните како што се устата, носот, очните зеници и слезината, црниот дроб кои беа инфицирани од вирусот ебола.

За да постигнат сличност со климата во Западна Африка, научниците мртвите мајмуни ги чуваа во просторија со температура од 27 степени и 80 насто влажност на воздухот. Резултатите покажаа дека вирусот ебола бил жив 7 дена по смртта на инфицираните мајмуни.

Научниците предупредија дека оваа карактеристика постои можност да важи и за луѓето, поради што упати повик до светот луѓето да бидат повнимателни при погребувањето на умрените лица од вирусот ебола.


Тагови:

Слични вести