„Солар импулс 2" на 7 март ќе излезе на светска турнеја

По паузата во Хаваи, авионот „Солар импулс 2“ се планира да го прелета Атлантскиот океан

244806
 „Солар импулс 2" на 7 март ќе излезе на светска турнеја

Авионот на сончева енергија „Солар импулс 2“ на 7 март ќе излезе на светска турнеја.

Летањето ќе започне во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати и ќе трае 5 месеци.

По Абу Даби, авионот „Солар импулс 2“ ќе слета во Оман, а потоа ќе ја следи зацртаната маршрута на летање преку Индија, Кина, Јапонија.

Авионот се предвидува за пет дена без да слета, да го прелета Пацификот.

По паузата во Хаваи, авионот „Солар импулс 2“ се планира да го прелета Атлантскиот океан и последната дестинација ќе биде Европа.

Во рекордниот лет на авионот од 600 часа на авионот, се очекува да слета и полета од 12 места.

Во рамките на турнејата, пилотите Андре Боршберг и Бертран Пикар се очекува наизменично да управуваат со авионот чии крила се долги 72. Авионот се предвидува да прелета вкупно околу 32 илјади километри.


Тагови:

Слични вести