„Солар импулс" се подготвува за светска турнеја

„Солар импулс“ на светска турнеја ќе полета во март од Абу Даби

242177
„Солар импулс" се подготвува за светска турнеја

Првиот авион на сончева енергија „Солар импулс“ кој ги помина континентите и го врежа своето име во историјата се подготвува за светска турнеја.

Целта на авионот чии тестови продолжуваат непрекинато е во март за излезе на патување кое ќе трае 5 месеци и да го обиколи светот и на тој начин уште еднаш да го врежи името во историјата.

Авионот „Солар импулс“, успешно го помина пробниот лет од Шпанија, преку Мароко, до Сан Франциско и Њујорк.

Авионот кој беше усовршен и произведен во Шведска, на светска турнеја ќе полета во март од Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати.

Патувањето ќе трае 5 месеци и авионот ќе биде управуван наизменично од страна на двајца шведски пилоти.

Проектот кој отвори нова епоха во воздухопловството важи за сериозен почетен модел за новата генерација авиони кои ќе летаат само со сончева енергија и нема да ја загадуваат животната средина.


Тагови:

Слични вести