Надеж за лекувањето на вирусот ебола

Лекот беше тестиран кај 80 пациенти во Гвинеја

237689
Надеж за лекувањето на вирусот ебола

Светската здравствена организација соопшти дека лекот што беше усовршен од страна на јапонските научници и почна да се тестира во Гвинеја, за половина ја намали стапката на смртност кај заболените од вирусот ебола.

Лекот беше тестиран кај 80 пациенти во Гвинеја.
Лекот поволно делува кај пациентите кои се наоѓаат во почетна и средна фаза од заболувањето, додека кај тешките случаи, лекот не е ефикасен.
На дневниот ред се наоѓа предлогот за тестирање на лекот врз 160 пациенти во Сиера Леоне.
Лекарите потенцираат на значењето дека првпат беше усовршен лек против вирусот ебола.
Имено како последица на вирусот ебола, во Африка умреа околу 10 илјади лица.


Тагови:

Слични вести