Умните часовници ќе удрат силен белег на 2015

Часовниците ќе можат да се употребуваат и како мобилни телефони и како мини компјутери

170195
Умните часовници ќе удрат силен белег на 2015

Умните часовници кои ќе можат да се употребуваат и користат како мобилни телефони и мини компјутери, во 2015 година ќе удрат силен белег на 2015.

Според веста на шпанскиот весник „Lavanguardia“, во последните десет години во светот беа забележани многу вртоглави промени. Имено претходно имаше десктоп компјутери, потоа со текот на времето лаптоп компјутерите се стекнаа со се поголема популарност. Лани помина во знак на подемот на таблетите. 2015 година се очекува да биде година на умните часовници. Имено овие часовници ќе можат да се употребуваат и како мобилни телефони и како мини компјутери. Исто така секој ден ќе ви ги следат и регистрираат отчукувањето на срцето и притисокот како и секојдневната количина на вежби.
Покажувањето на часовниците, по се изгледа дека најобична карактеристика на часовниците вредни стотици илјади евра ќе бидат само наведените.
Истражувачките фирми истакнуваат дека уделот на технологијата погодна за носење во пазарот во 2014 година изнесуваше 27 милиони евра. Оваа бројка во 2016 година се очекува да се искачи на 90, во 2017 година на 135 милиони вера.
Само лани во продажба беа пуштени шест нови модели умни часовници, додека во 2015 година се очекува умните часовници почесто да ги гледаме на рацете на луѓето.


Тагови:

Слични вести