Русија изврши тест лансирање на една нова ракета

Капацитетот на носивост на ракетите носачи од тежок и лесен тип Ангара изнесува од 1 до 25 тони

158589
Русија изврши тест лансирање на една нова ракета

Русија изврши тест лансирање на новата ракета Ангара со капацитет на носивост од 25 тони.

Вчера во Плесетск во северна Русија беше извршено тест лансирање на ракетатаАнгара-А5.
Руското министерство за одбрана соопшти дека тестот помина успешно и дека ракетата полета и беше лансирана во орбитата.
На тестот на ракетата учествуваше и рускиот претседател Владимир Путин кој во оваа прилика рече дека ракетата Ангара-А5 ќе ги зајакне одбранбените сили на Русија. Ракетата има големо значење од аспект на вселенсиот простор и цела Русија.
Ракетата Ангара беше усовршена пи распаѓањето на Советскиот социјалистички сојуз од страна на Москва а на местото на протонскиот систем за палење.
Капацитетот на носивост на ракетите од тежок и лесен тип Ангара изнесува од 1 до 25 тони. Руските научници истакнуваат дека системот нема да нанесе еколошко загадување.
Новата ракета има големо значење од аспект на ветувањето за оживување на руската вселенска индустрија.
По завршувањето на успешните тест летови, Москва планира сите вселенски летала независно да ги лансира од своите територии.


Тагови:

Слични вести