Прв погон за домашно производство на експлозиви

Продолжуваат технолошките достигнувања во одбранбената индустрија

146244
Прв погон за домашно производство на експлозиви

Вчера во заедничка соработка меѓу Установата за машинско-хемиска индустрија (МКЕК) и Установата за научно-технолошки истражувања на Турција (ТУБИТАК) во Кирикакле беше отворен првиот погон за домашно производство и полнење на експлозивите.

На свеченото отворање на фабриката чиј дизајн и производство целосно претставуваат дело на турските инженери учествуваше министерот за наука, индустрија и технологија Фикри Ишик.
Во фабриката формирана на површина од 55 хектари се произведуваат експлозиви кои не се чувствителни на надворешните фактори топлина и светлина.
Во рамките на фабриката која ќе ја намали зависноста од надвор, се очекува годишно производство на 600 тони експлозив. Со отворањето на фабриката се очекува да дојде до пораст на извозот на одбранбената индустрија.


Тагови:

Слични вести