Нова метода во дијагностицирање на ракот и дијабетот

Група лекари изумија сензор за анализа на здивот популарно наречен „електронски нос“

137267
Нова метода во дијагностицирање на ракот и дијабетот

Група лекари истражувачи од факултетот за природни науки на Високиот технолошки институт во Измир изумија сензор за анализа на здивот популарно наречен „електронски нос“ со чија помош може да се дијагностицира рак на белите дробови или дијабетис.

Методата е доста едноставна. Имено само со анализирање на здивот добиен со помош на овој сензор може да се постави доста успешна дијагноза на овие болести кај пациентот.

Проектот е целосно домашен почнувајќи од идејата па се до реализацијата . Сензорот за прв пат ќе биде користен кај пациентите во клиниката на медицинскиот факултет Џерах Паша во Истанбул.

Се очекува прототипот на сензорот да биде изработен за неколку месеци .Во првата фаза ќе бидат произведени 25 сензори.

После пробниот тест на клиниката Џерах Паша ќе започне сериското производство на сензорот по што ќе биде проширен на клиниките ширум земјава.



Тагови:

Слични вести