Паника во светот по повод вирусот ебола

По ширењето на вирусот ебола во Западна Африка, во голем број земји беше прогласена алармантна состојба

84066
Паника во светот по повод вирусот ебола

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека како последица на епидемијата чие влијание се чувствува во 4 земји, досега умреа 932 лица.
Саудиска Арабија која подолг период се бори со кризата Мерс, смртта на едно лице од ебола уште повеќе ја зголеми загриженоста во земјата.
Меѓу информациите што пристигнуваат дознаваме дека еден здравствен работник во Нигерија исто така починал од вирусот ебола.
Тој беше вториот човек кој почина од вирусот.
Во период кога вирусот ебола продолжува да сее смрт, во Сире Леоне и Либија беше прогласено 3 месечна вонредна состојба.
И Кина прогласи алармантна состојба по повод вирусот ебола.
Кина го забрани влезот на спортистите и екипите од земјите во кои се шири вирусот ебола, а кои по повод Летната младинска олимпијада која се планира да започне на 16 август во градот Нанџинг доаѓаат во Кина.
На аеродромот се формира посебна единица за борбата против вирусот ебола.
Исто така и Балканските земји почнаа да преземат мерки и санкции против заканата од епидемија од ебола.
Министерството за здравство на Македонија соопшти дека во рамките на борбата против ширењето и епидемијата од вирусот ебола, на аеродромот Александар Велики формирале карантина.
Министерството за здравство на Албанија упати повик до своите граѓани кои планираат да патуваат за африканските земји да го одложат патувањето.
Единствена надеж во борбата против вирусот ебола претставува новиот лек.
Американскиот претседател Барак Обама рече дека истражувањата во врска со лекот сеуште се во пробна фаза.
Моментално само на 2 американски здравствени работници кои оболеа од вирусот ебола им беше даден серумот Змапп и првите резултати беа поволни.


Тагови:

Слични вести