(ВИДЕО) Вселенскиот товарен брод кој патуваше за вселенската станица падна на Земјата

Вселенскиот товарен брод „Прогрес МС-04“ кој на 1 декември беше лансиран од космодромот Бајконур 1 падна на Земјата.

На 1 декември дојде до прекин со вселенскиот товарен брод Прогрес МС-04 кој беше лансиран од космодромот Бајконур и радарските станици и беше утврдено дека бродот не е во предвидената орбита.

Според претпоставките, вселенскиот товарен брод паднал во некое подрачје во Република Тува каде што нема луѓе.

Поголемиот дел од товарот што го пренесуваше бродот изгоре во атмосферата. Продолжуваат испитувањата за утврдување на дефектот. Загубата на товарниот брод нема да влијае врз нормалните активности и операции и екипажот на Меѓународната вселенска станица.