(ВИДЕО) Откриени седум нови планети слични на Земјата

Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека астрономите откриле седум планети слични на Земјата, кои кружат околу една ѕвезда.

На сите седум планети е можно да има вода, додека на три се можни зони за живот.

Планетите беа откриени со помош на вселенскиот телескоп Спицер на НАСА кој може да изврши многу прецизни мерења.

Планетите е наоѓаат во орбитата на соѕвездието Трапист 1 кое се наоѓа на 40 илјади светлосни години од Земјата.

Експертите тврдат дека откривањето на сличните планети на Земјата од аспект на големината, претставува значаен чекор напред во натамошните истражувања за животот надвор од планетава.