(ВИДЕО) Изложба на историјата на технологијата на роботите во Лондон

Во Научниот музеј во Лондон се одржува изложба на 500 годишната историја на технологијата на роботите.

На изложбата се изложени околу 100 роботи и дизајни од целиот свет.

Роботот „Кодомороид“ кој е програмиран како спикерка која чита вести и датира од 2014 претставува најзначаен вид од аспект на успешните човечки мимики.

Посетителите на музејот ќе имаат можност да го видат и првиот робот Ерик кој беше произведен во 1928 година, 8 години по употребата на истоимениот збор.

Посетителите на изложбата имаат можност да уживаат во интеракцијата и споделувањето на чувствата со роботите кои ги перцепцираат.