(ВИДЕО) Франција ги засука ракавите за чиста и евтина енергија

Сончевите панели кои беа поставени по улиците ќе произведуваат електрична енергија.

Првиот патен систем кој ќе произведува електрична енергија беше спроведен во Нормандија.

На свеченото отворање на патот долг 1 км, министерот за екологија Сеголен Ројал рече дека покрај тоа што моменталниот обем на проектот е мал, трошоците беа големи.

Само за еден км пат беа потрошени 5 милиони евра.

За заштита на панелите за време на преминот на возилата беше поставен специјален систем на строј на патот.

Изведувачите на проектот планираат да добијат значителна количина електрична енергија од патиштата низ кој нема интензивен сообраќај а има сончева енергија во изобилство.

Франција која ги засука ракавите за добивање чиста и евтина електрична енергија, во претстојните пет години планира да постави сончеви панели по должината на патиштата во должина од 1000 км.

Проектот со кој се планира да се намали цената на чинење на производството на енергијата претходно беше испробан во Холандија.

Од сончевите панели поставени по велосипедската патека долга 70 км беше намирена годишната потреба на едно домаќинство од електрична енергија.