Стотици китови угинале крај Јужниот Остров на Нов Зеланд

Околу 200 китови заглавиле во плитките води крај Јужниот Остров на Нов Зеланд, соопшти денеска новозеландската Управа за заштита на растителните и животинските видови.

Во акцијата за спасување на околу 400 насукани кита, што трае цел ден, се вклучени претставници на Управата за заштита на растителните и животинските видови и голем број доброволци.

Досега биле спасени околу стотина китови.

Доброволците изјавиле дека ќе чуваат стража во предлот на Златниот залив за да се спречи китовите повторно да се насукаат кога ќе дојде до осека.

Сеуште не е познато зошто китовите се насукуваат на брегот.Научниците претпоставуваат дека постојат две причини за тоа.Едната е кога китовите го следат својот лов се до плитките води од каде што не можат да се извлечат, а другата е дека здравите китови се обидуваат да заштитат болен кит во јатото.

Инаку во Ноз Зеланд зачестени се појавите на насукување на китови и делфини на брегот.Познато е на пример дека во 2009 година над стотина китови угинале на брегот на архипелагот  Чатам.