Специјално нуркање од Шахика Ерџумен во смрзнувачките води на Антарктикот

Турција ги заврши своите активности за формирање на привремена научна база на Антарктикот.

Турската спортистка репрезентативка, светска рекордерка во слободно нуркање Шахика Ерџумен, во чест на отворањето на Турскиот камп за научни истражувања изведе специјално нуркање на „Белиот континент“.

Ерџумен рече: „И покрај студот, претставува гордост да се развиори нашето знаме.“