Кинеските астронаути пристигнаа во вселенската станица

Двајцата кинески астронаути од вселенското возило Шензоу 11 влегоа во вселенската станица Тјангонг-2. 

49 годишниот Јинг Хаипенг и 37 годишниот Чен Донг по успешното спојување на вселенското возило, влегоа во вселенската станица каде што еден месец ќе прават експерименти.