Беспилотно возило на Турција „УКАП“ спремно за задача

Турските фирми за одбранбена индустрија во координација со Потсекретаријатот за одбранбена индустрија на безбедносните сили им нудат нови производи на безбедносните сили, а истовремено  продолжуваат со зајакнување на нивните способности и моќ.

Беспилотното копнено возило „УКАП“ кое беше усовршено од страна на фирмата Катмерџилер и опремено со оружен систем од страна на компанијата за Воено електронска индустрија АСЕЛСАН, по успешните тестови на гаѓање во движење, спремно за задача.

Возилото УКАП успешно ги помина сите тешки теренски тестови. На крајот на активностите го достигна нивото на беспилотно копнено операционо возило.

Возилото со далечинско управување ќе може да се употребува во жестоките судири на терен.

Благодарение на карактеристиките кои што ги поседува, возилото ќе даде голем придонес во максималната заштита на персоналот во караулите на терен, градовите или пак вонградските операции на безбедносните сили.

УКАП се наоѓа меѓу најприоритетните производи на безбедносните сили во задоволувањето на потребата од беспилотно копнено возило.

Компанијата Катмерџилер продолжува со активностите за промоција на возилото на меѓународниот пазар како и соработка на тоа поле.

Компанијата Катмерџилер на претстојниот Меѓународен саем за одбрана и безбедност (Eurosatory) во Парис кој се планира да се одржи од 11 до 15 јуни, планира да учествува со беспилотно копнено возило УКАП.