Автомобилот без возач успешно го помина тестот во Милтон Кејнес

Во Англија продолжуваат подготвителните активности во врска со автомобили без возачи на кои истражувања работат голем број компании во светот.

Тестот на автомобилот за две лица кој беше произведен во земјата беше извршен во градот Милтон Кејнес.

Автомобилот без возач успешно го помина тестот кој беше извршен на патот отворен за јавноста.

Автономните возила со помош на своите радарски системи ги следат просторите пред себе и на тој начин напредуваат по патот.

За скршнување на лево или на десно, возилата имаат посебна опрема потпомогната со компјутери.

Камерите се поставени на предните фарни светла на возилата и помагаат во следењето на лентите на патиштата.

Инфрацрвени камерни системи на возилата им помагаат да следат безбедносен пат.

Со програмите кои ја определуваат маршрутата на патување на возилото обезбедуваат возилото во најкратко време да пристигне до предвидената цел.

Претставниците на компанијата истакнаа дека продажбата на автомобилите без возачи со кои се предвидува да се намалат грешките на возачите, ќе се започне по период од две години.

До 2035 година се очекува на светскиот пазар да бидат продадени околу 80 милиони возила без возачи.

Голем број земји уште отсега инвестираат во истражувањата и развојот на овие возила а исто така се подготвуваат и правните прописи за нивната употреба.