Вратени украдените историски артефакти на патријархот на грчката патријаршија Фенер

 

Турција, на патријархот на патријаршијата Фенер во Истанбул му ги врати историските артефакти украдени од црквите.

Министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој, на церемонијата што се одржа во Чанаккале, на патријархот на грчката патријаршија Фенер  во Истанбул, Бартоломеј, му ги врати 12-те артефакти меѓу кои имаше икони на Исус и христијанските светци, а кои беа запленети во успешна операција на од жандармеријата.