Во операцијата Еуфратски штит во северниот дел на Сирија загинаа четворица турски војници

Во операцијата Еуфратски штит која што се реализира под водство на Турските вооружени сили (ТВС), а со цел исчистување на северните делови на Сирија од терористичките елементи загинаа четворица турски војници, а 15 војници се ранети од кои еден потешко.

Во меѓувреме турските војници на 120-от ден од операцијата која што започна на 24 август влегоа во градот Ел Баб.

Турски воени авиони во областа неутрализирааа повеќе од 45 терористи на ДАЕШ, а уништија и 47 места за засолнување на терористите.