Во Дијарбакир-Турција наново отворена за богослужба најголемата ерменска црква на Блискиот Исток „Сурп Гирагос“

Ерменската црква „Сурп Гирагос“ во градот Дијарбакир, во југоисточниот дел на Турција, по реставраторските работи наново е отворена по пауза од седум години.

Верниците учествуваа на нејзината прва неделна литургија од 2015 година кога оваа црква беше сериозно оштетена во извршените напади од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Црквата „Сурп Гирагос“ која е најголема ерменска црква на Блискиот Исток има многу посебно место во срцата на голем број христијани кои живеат и во градот Дијарбакир и во странство.