Во Анкара свечено одбележана 104-годишнината од независноста на Албанија

По повод одбележувањето на 104-годишнината од стекнувањето на Албанија со својата независност синоќа во Анкара се одржа свечен прием.

На вечерата на која беше приредена веселба амбасадорот на Албанија во Анкара Генти Гажели ги пречека поканетите гости пред вратата.

На свеченоста учествуваа голем број поканети гости и шефови на странски мисии во Анкара додека владата ја претставуваа вицепремиерот Вејси Кајнак и началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар.

Вицепремиерот Вејси Кајнак, началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар и албанскиот амбасадор во Анкара Генти Гажели заедно ја сечеа роденденската торта по повод 104-годишнината од независноста на Албанија.

На вечерата во придружба на музика во живо беа приредени народни танци.

На гостите им беа принесени и специјалитети од албанската кујна.