(ВИДЕО) Вториот трилатерален состанок меѓу Турција, Русија и Иран ќе се одржи во Истанбул
Претседателот Реџеп Тајип Ердоган оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.
Главна тема на телефонскиот разговор беа случувањата во Африн и Идлиб.
Двајцата лидери меѓудругото се договорија вториот трилатерален состанок меѓу Турција, Русија и Иран да се одржи во Истанбул.
На првиот трилатерален состанок кој што се одржа на 22 ноември 2017 во Сочи беа разгледани случувањата во Сирија.