(Видео) ТВС цела ноќ ги бомбардираа целите на режимот во Идлиб

По подмолниот напад на силите на режимот на Асад врз Турските вооружени сили (ТВС),  Турските вооружени сили цела ноќ ги бомбардираа целите на режимот на Асад во Идлиб.

Моментите на бомбардирањето од воздух и копно на позициите на режимот беа снимени од страна на беспилотните летала.

На снимките можат да се видат прецизните погодоци на ТВС врз оклопните конвои, подвижните сегменти и центрите кои се користат како штабови и складишта за муниција од страна на режимот.

Во вчерашните воздушни напади на силите на режимот врз ТВС во Идлиб загинаа 33 турски војници, а 32 војници беа повредени.