(ВИДЕО) Осуда на Масакрот во Хоџали од Парламентарната Унија на Турскиот свет

Масакрот во Хоџали беше осуден и од страна на Парламентарната Унија на Турскиот свет.

На прес конференцијата што се одржа во седиштето на унијата во Анкара, беше проколнат ерменскиот масакр во Хоџали. Во соопштението кое беше објавено од страна на Унијата беше истакнато дека земјите членки на Парламентарната Унија на Турскиот Свет ја споделуваат тагата и жалоста на братски Азербејџан и длабоко ја чувствуваат во душата.

Претседателот на Парламентарната Унија на Турскиот Свет Наил Челеби упати барање за казнување на злосторниците на масакрот во Хоџали и сите оние кои што замижија пред овој настан, исто како на оние за масакрот во Сребреница.

Челебија повика меѓународната заедница да го оконча двојниот стандард на однесување и да го осуди и проколне Масакрот во Хоџали.

Денес сеуште 20 отсто од азербејџанските територии се наоѓаат под ерменска окупација, рече Челеби потенцирајќи дека и покрај 4-те резолуции што ги усвоија ОН, за жал продолжува окупацијата на наведените територии.

Азербејџан поседува доволно сила да ги врати своите територии, рече Наил Челеби поради што ја повика групата Минска да изнајде решение на прашањето.

Челеби рече: „Групата Минск што поскоро треба да ја изврши задачата или да се укине“.

Се намалува трпението на Азербајџан, рече Наил Челеби и додаде:

„Уште еднаш му се обраќам на светот дека Ерменија треба да се повлече од окупираните азербејџански територии. Доколку меѓународната заедница, ОБСЕ и ОН не сакаат нови човечки драми во регионот, што поскоро треба  да ја разубедат Ерменија. Турската држава, народот, невладините организации и Парламентарната Унија на Турскиот Свет сите заедно сме на страната на Азербејџан. Никогаш нема да го оставиме братски Азербејџан насамо во својата праведна кауза. Тоа многу добро треба да му е познато на целиот свет. Срцата на Турците и сите совесни луѓе не само денес, 27 години бијат за Хоџали. Немојте да се поигрувате со нашето трпение“ рече Челеби.

По прес конференцијата, беше емитуван документарен филм за Масакрот во Хоџали. Азербејџанската новинарка Улќер Пријева ја прочита песната за Хоџали.

На денешен ден пред 27 години, во Хоџали најпрвин беше доживеана драма, злосторство, масакр и вистински геноцид.

Во овие злосторнички напади на Ерменците беа убиени 63 деца, 106 жени, 70 возрасни, вкупно 613 невини лица.

Ерменците кои трчаа по мегалоидејата за „Голема Ерменија“, Хоџали кое броеше 7 илјади жители имаше големо стратешко значење.

По блокадата која што започна неколку месеци пред масакрот на 26 февруари 1992 година, најпрвин во градот влегоа војниците на 366 руски полк, а веднаш потоа стотици вооружени Ерменци извршија упад на Хоџали.

Стапиците кои ги чекаа жителите на Хоџали кои сакаа да побегнат од зулумите и насилствата на Ерменците, се претворија во вистинско дивјаштво и злосторство.

Беа опожарени куќите, беа скалпирани невините жители, додека бремените беа прободени со бајонети и ножеви.

За една ноќ беа убиени 613 невини лица меѓу кои деца, жени и возрасни, а исто така имаше и голем  број повредени.

Од тој ден наваму Хоџали стана крвава рана на сите Турци муслимани.