(ВИДЕО) Остро ја осудуваме окупацијата на азербејџанските територии која трае над четврт век

Премиерот Бинали Јилдирим рече дека остро ја осудуваме окупацијата на околу 20 посто на азербејџанските територии која трае над четврт век.

Во пораката по повод 26-та годишнина од масакрот во Хоџали премиерот Јилдирим рече дека во нападот на ерменските воени единици на 26 февруари 1992 година врз градот Хоџали во азербејџанската област Нагорно Карабах кои територии сеуште се наоѓаат под окупација, на брутален начин беа убиени 106 жени, 63 деца и 70 возрасни, вкупно 613 невини азербејџански граѓани, додека 1275 лица беа заробени.

Покрај тоа што поминаа 26 години, сеуште нема трага и глас од 150 лица, а исто така виновниците не се изнесени пред суд, рече премиерот Јилдирим потенцирајќи:

„Како последица на агресивноста на Република Ерменија и окупацијата на азербејџанските територии над еден милион азербејџански браќа и натаму продолжуваат да живеат во бегство. Турција остро ја осудува бруталноста на која беа изложени азербејџанските браќа во Хоџали како и окупацијата на околу 20 насто од азербејџанските територии која трае над половина век. Сметаме дека е многу значајно да бидат изнесени сторителите на нападот особено од аспект на постигнувањето на правдата. Ја користам оваа прилика уште еднаш да им изразам длабоко сочувство на азербејџанските браќа и да им посакам божја милост на загинатите, а на блиските големо трпение“.