(ВИДЕО) Операцијата „Канџа“ на ТВС на северот на Ирак

На северот на Ирак каде што се вгнездени терористите започна сеопфатна операција од копно и воздух.

Цел на операцијата која започна со бомбардирањето од страна на артилериските батерии на копнените сили и авионите на воздушните сили во која учествуваат и бригади на специјалци беа терористите вгнездени во подрачјето Хакурк.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Министерството за национална одбрана беше истакнато дека вчера попладне во рамките на операцијата „Канџа“ артилериските батерии на копнените сили и авионите на воздушните сили ги бомбардираа подрачјата на северот на Ирак каде што се вгнездени терористите.

По топовските истрели и бомбардирањето, во 20.00 часот според бригадите на специјалците започнаа копнена операција.

Во соопштението беше истакнато дека операцијата продолжува според планот и со поддршка на хеликоптерите Атак. Со оваа операција се планира да се уништат пештерите и засолништата во подрачјето Хакурк и околината кои се користат од страна на терористичките организации и да се неутрализираат терористите.