(ВИДЕО) Ердоган реагираше на употребата на изразот исламски тероризам од страна на Меркел

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека не можат да се поистоветуваат исламот и тероризмот.

Вчера претседателот Ердоган во претседателскиот дворец ја прими германската канцеларка Ангела Меркел која престојуваше во официјална посета на Анкара.

На заедничката прес конференција што се одржа по приемот, претседателот Ердоган реагираше на употребата на изразот исламски тероризам и рече:

Особено сакам да потенцирам на следното. Можеби мојот народ погрешно го има сфатено прашањето. Тоа е изразот исламски тероризам. Тоа и го објаснив на германската канцеларка. Ако го употребиме изразот исламски тероризам само поради терористичката организација ДЕАШ, тоа ќе биде многу тажно за муслиманите. Бидејќи не можат да се поистоветат исламот и тероризмот. Значењето на зборот ислам е мир. Затоа ве молам да не го употребиме овој израз. Бидејќи се додека се употребува, тогаш ние ќе треба да се спротивставуваме на истиот. Ако останеме индиферентни пак, тоа ќе значи дека го прифаќаме вашето мислење и став. Јас во својство на претседател на една муслиманска земја во никој случај не можам да го прифатам тоа. До денес нема некоја друга земја во светот која води борба против терористичката организација ДЕАШ. Сите се на збор, додека Турција решително продолжува со борбата против оваа терористичка организација.

Претседателот Ердоган го критикуваше ставот на Германија во однос на неекстрадицијата на лицата кои се бараат во рамките на истрагата против Фетулахистичката терористичка организација паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ).

Ние истовремено сме сојузнички и пријателски земји во НАТО Алијансата. Ако усвоиме брзи одлуки, тогаш многу побрзо ќе ги постигнеме очекуваните резултати. Што се ПКК, ПЈД, ЈПГ исто е и Фетулахистичката терористичка организација, рече Ердоган.

Германската канцеларка Меркел во изјавата рече дека ова е нејзина прва посета на Турција по кукавичкиот обид за воен удар и потенцираше дека двете земји треба да водат поактивна соработка против тероризмот.

Во врска со случувањата во Сирија и Ирак Меркел рече дека прашањето налага меѓународна одговорност и дека на средбата се осврнале на значењето на случувањата во Сирија и Ирак. Прашањето со бегалците е значајно за двете страни. Турција вложува големи напори за бегалците. Затоа треба да се испратат финансиските средства кои ги вети ЕУ на Турција.

Германската канцеларка Ангела Меркел ја посети и зградата на Големото национално собрание на Турција која беше бомбардирана на 15 јули.