(ВИДЕО) Денес се навршуваат 163 дена од операцијата Еуфратски штит

163-от ден на операцијата Еуфратски штит на Турските вооружени сили на северот на Сирија беа елиминирани 51 терорист на терористичката организација ДЕАШ.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Генералштабот беше истакнато дека беше одбиена заканата од терористичките организации предводени од ДЕАШ и дека продолжува воената операција Еуфратски штит која започна на 24 август 2016 за зголемување на безбедноста по должината на границата и со цел да се даде поддршка на коалиционите сили.

163-от ден на операцијата беа бомбардирани 244 цели на терористичката организација кои беа утврдени од страна на специјалните сили на опозицијата.

Во рамките на операцијата од страна на воздушните сили беа уништени 83 згради, 10  автомобили-бомби, 2 складишта за муниција, 2 собирни места, едно складиште и 2 топови на терористичката организација ДЕАШ во подрачјата Ал Баб, Тадиф, Кабасин и Бзагах.

Во подрачјата кои беа исчистени од ДЕАШ, од страна на екипите и тимовите кои обезбедуваат поддршка на силите на опозицијата како и тимовите за утврдување на експлозивни средства и деминирање беа уништени 41 рачно изработени експлозивни направи, додека  од почетокот на операцијата до денес постепено беа уништени 3 591 рачно експлозивна направа и 55 мини.