(ВИДЕО) Член по член претседателски систем

Што се ќе се промени со претседателскиот систем?

Законодавство

Бројот на пратениците од 550 ќе се зголеми на 600.

Ќе се намали возраста за избор на пратеник од 25 на 18 години.

Парламентарните избори ќе се одржуваат еднаш на 5 години, истиот ден ќе се одржат и претседателски избори.

Претседател:

За кандидат за претседател ќе може да се кандидираат и истакнуваат кандидати од страна на пратеничките групи на политичките партии кои на последните парламентарни избори самостојно или во коалиција освоиле најмалку 5 насто од севкупниот број гласови како и кандидати кои ја добиле поддршката на најмалку 100 илјади гласачи (со потпис или гласови).

Претседателот во врска со извршната власт ќе може да прогласи Уредба со законска сила.

Претседателот ќе може да прогласи вонредна состојба во случај на мобилизација, бунт, обид за вооружен воен удар врз татковината и републиката, зголемување на бројот на насилства како внатре во земјава така и надвор кои можат да предизвикаат закана по неделивоста на националните територии и нацијата.

Претседателот има право да назначи еден или повеќе помошници.

Активностите и работата на претседателот ќе ги контролира Собранието. Според  постоечкиот устав, против претседателот кој не одговара пред Собранието,во случај да изврши кривично дело ќе може да се поднесе предлог иницијатива за започнување истрага ако се обезбеди апсолутно мнозинство на пратениците на Големото национално собрание на Турција.

Уредбите со законска сила кои ќе бидат донесени во вонредни ситуации, нема да бидат ограничени со одредбите на Уредбите кои се донесени во вообичаениот период.

Претседателот, предлогот на законот за буџет ќе го достави до Големото национално собрание на Турција.

Претстојните парламентарни и претседателски избори на Големото национално собрание на Турција ќе се одржат на 3 ноември 2019 година.

Висок совет на судии и јавни обвинители (ХСЈК):

Името на досегашниот Висок совет на судии и јавни обвинители се менува и гласи „Совет на судии и јавни обвинители“; Советот се состои од 13 членови и ќе дејствува во 2 тела.

4 од членовите на Советот  ќе бидат назначени од страна  на претседателот на државата додека 7 членови ќе бидат избрани од страна на Големото национално собрание на Турција.

Потсекретарот на Министерството за правда ќе биде природен член на Советот.

Уставен суд:

Бројот на членовите на Уставниот суд од 17 ќе се намали на 15.

Воени судови:

Освен дисциплински судови не можат да се формираат воени судови.