Успешно реализиран тест-истрелот на националната анти-бродска ракета на Турција „Атмаџа“

Во градот Синоп на брегот на Црното Море е тестирана анти-бродската ракета од долг дострел „Атмаџа“ развиена од страна на „Рокетсан“.

Тест-истрелите беа следени и од страна на командантот на Поморските сили адмирал Аднан Озбал и валијата на Синоп Ерол Караомероглу.

По реализираните тест-истрели, адмирал Аднан Озбал го рече следното: „Нашиот национален производ Атмаџа ќе им влева доверба на пријателите, страв на непријателите.“