Турците од Бугарија кои беа принудени да мигрираат, не можат да ги заборават болните денови

Турците од Бугарија, кои беа подложени на многу зулуми под изговор дека се спротивставуваат на бугарската асимилациона политика спроведена во периодот од 1984 до 1989 година, не можат да ја заборават болката што ја доживеаа

73 годишниот Џемил и 70 годишната Кијмет Биртане кои денес живеат во Киркларели, во 1985 година многупати беа изложени на зулуми под изговор дека се спротивставуваат на политиките на Бугарија.

Џемил Биртане, кој не потклекна на притисоците, прво беше затворен, а потоа прогонет во други региони.

Во периодот додека се наоѓаше во затвор, и покрај веста дека нејзиниот сопруг „починал“ во затворот каде што бил затворен, брачниот пар Биртане никогаш не престана да пружаат отпор.

Брачниот пар Биртане, кој на крајот на 1989 година беше депортиран, по инструкција на тогашниот претседател Тургут Озал, со авион беше донесен во Турција.

Парот, кој беше сместен во куќите доделени од државата во Киркларели, по долги години се пензионираше работејќи како работници.

Продолжувајќи ја втората пролет од животот во својата татковина, брачниот пар поголемиот дел од своето време го поминува читајќи книги. Од време на време, парот Биртане ги прегледува сликите од нивната младост и се сеќава на сето она што го доживеаја.

Бевме изложени на многу тортура, зулуми и угнетување

Џемил Биртане рече дека тие се жртви на асимилаторската политика. Биртане објасни дека бидејќи се спротивставил на угнетувањето, бил испратен во логорот Белене, каде што беа затворени Турците и муслиманите кои на 16 февруари 1985 година се спротивставија на аслимиационата кампања. „Една година и 4 месеци во логорот Белене бевме тепани и изложени на зулуми. По одреден период, заедно со 80 другари бевме испратени во еден друг затвор. После една година, бев прогонет во различни села во Бугарија. Бев ослободен дури по 4 години и 6 месеци“.

Биртане, кој изјави дека никогаш не можат да го заборават зулумот што го доживеале, истакна дека им било многу тешко и поминале многу тешки денови. Биртане рече дека кога бил испратен во логорот Белене, неговата сопруга и семејството не биле известени за него 3-4 месеци. На сопругата и ги испратиле моите алишта и и рекле дека сум умрел и да не ме бара.Фала му на господ, јас бев ослободен дури по 4 години и 6 месеци и Бугарија ме депортираше“.

Биртане изјави дека тие продолжиле да се спротивставуваат на асимилационата кампања и во логорот и дека со своите пријатели штрајкувале со глад и покрај сите притисоци, потенцирајќи дека ги отстраниле бугарските имиња што биле обесени на креветите. Нагласувајќи дека ја продолжил својата борба во текот на годините на егзил, Биртане рече:

Во егзил испратив тајно писмо во кибрит до турските тимови на рели трките. Причината за испраќање тајно писмо беше преку Турција, на целиот свет да му кажам за нашето страдање и угнетување. Ова беше емитувано и на информативната програма на Радиото Гласот на Турција. Нашата борба продолжи. Ние претрпевме многу тортури, прогони и угнетувања. Бевме испрашувани., тепани, гладни и жедни. Бевме чувани под ќебе во студено време. Тоалет потребите ги вршевме во една кофа. Оваа тортура траеше цело време“.

Биртане изјави дека по овој процес, од него и неговото семејство било побарано да бидат испратени во Австрија и Шведска, но тие не го прифатиле ова и се засолниле во турската амбасада во Белград, Југославија.

„Амбасадата на РТ во Белград на една недела нè испрати во бегалски камп. Потоа, фала му на Бога, се вративме во нашата татковина, „Колку е среќен оној што вели дека Јас сум Турчин“. Јас сум многу среќен што дојдовме во Турција. Ние сме многу среќни дека се вративме во својата татковина, дека се ослободивме од овој прогон и угнетувања“.

Шукру Коркмаз, кој од Бугарија во Турција мигрираше пред 32 години и живее во Едирне, исто така не може да ги заборави тешкотиите што ги доживеа во тоа време како и 1,5 година поминати во логорот Белене.

Коркмаз, кој во 1989 година во Турција дојде преку присилна миграција, рече дека секој што не се откажа од своето потекло „Турчин“ во Бугарија беше принуден да мигрира и дека биле изложени на физичко и психичко насилство додека мигрирале.

„Што и да рекоа, ние не се откажавме од нашето потекло дека сме Турци. Тие нè однесоа во логорот Белене. Во логорот бев 1,5 година. Тие не заклучија некаде и не нè пуштија да излеземе. Бевме подложени на психолошки и вербален притисок со месеци. Ми дозволуваа да го видам моето семејство на секои 6 месеци. И тоа можевме да го видиме само преку прозорецот. Тоа беа многу лоши денови. Фала му на Бога, сите овие лоши денови останаа во минатото“.