Турција се погрижи за мигрантите кои од страна на грчките граничари беа оставени без облека на границата

Турските безбедносни сили кај Едирне во близина на границата со Грција спасија 42 нерегуларни мигранти кои грчките надлежни незаконски и присилно ги вратиле во Турција.

Министерство за национална одбрана на Турција соопшти дека грчките безбедносни сили продолжуваат со нехуманото постапување кон нерегуларните мигранти.

Во соопштението се вели дека како последно на 42'јца нерегуларни мигранти од кои 12 биле собечени целосно голи не им било дозволено да преминат во месноста Назимбеј Чифтлиги.

Нерегуларните мигранти им кажаа на турските безбедносни сили дека откако биле фатени во Грција, не им била дадена ниту храна ниту вода и дека биле кон нив било постапено многу сурово и нечовечки, со понижување на нивното човечко достоинство.

Тие биле натерани целосно да ја соблечат облеката, биле тепани и испратени присилно назад во Турција.