Турските вооружени сили пружаат поддршка на операцијата на коалиционите сили во Сирија

Во соопштението на Турските вооружени сили беше истакнато дека силите на Сириската слободна армија, 11-от ден на операцијата Еуфратски штит ја презедоа контролата над Ал Атаријах, Шеик Јакуп, Вукуф, Ајјаша и Ал Мутминах.

Според соопштението објавено од страна на Турските вооружени сили, во рамките на операцијата вчера од 11.11 часот до 19.00 часот во знак на поддршка, врз 20 цели на терористичката организација ДЕАШ беа исфрлени 52 гранати од хаубиците Фиртина и 20 гранати од повеќецевните ракетни фрлачи.

Во соопштението беше истакнато дека во рамките на операцијата Еуфратски штит од денот кога започна се до денес беа исфрлени 1 306 на околу 300 терористички цели.

Турските вооружени сили кои пружаат поддршка на операцијата на коалиционите сили на северната страна на Сирија и евентуалните ризици кои можат да бидат предизвикани од страна на терористичката организација по должината на границата, истовремено ги презедоа сите потребни мерки и санкции да не дојде до оштетување на локалното население.