Турските вооружени сили и коалиционите воздушни сили започнаа операција во Џераблус

Специјалните сили на Турските вооружени сили и коалиционите воздушни сили започнаа операција за чистење на подрачјето Џераблус во Алепо од приврзаниците на терористичката организација ДЕАШ.

Подрачјето се бомбардира од страна на хаубиците „Фиртина“ и воените авиони.

По интензивниот топовски оган од хаубиците „Фиртина“ и повеќецевните ракетни фрлачи во 04.00 часот наутро , во 06.00 часот авионите на Турските вооружени сили почнаа со бомбардирање од воздух.

Турските бомбардери Ф-16 ги гаѓаа позициите на ДЕАШ во Џераблус и Кеклиџе.

Воени извори истакнуваат дека целта на операцијата е осигурување на безбедноста по должината на границата и посочија дека врз 63 цели биле извршени 224 гаѓања.

Во операцијата биле уништени претходно утврдените цели.

Со операцијата беше постигнато чистење на границата од терористичката организација и беше зголемена безбедноста на границата, а исто така се планира да се обезбеди приоритет и поддршка на територијалниот интегритет на Сирија.

Операциите на Турските вооружени сили кои водат активна борба против ДЕАШ дава голем придонес во активностите на коалиционите сили кои водат борба против терористичката организација.

Благодарение на операцијата се предвидува да се спречи нов бран на миграции, доставување помош на настраданото население во областа и чистење на областа од терористите.

Со операцијата се планира да се продолжи соработката со меѓународната заедница и коалиционите сили како и активната борба против терористичките организации кои вршат напади врз Турција и нејзините граѓани.

Во врска со операцијата беа остварени и потребните дипломатски активности, а во тие рамки беше информирана и Русија.