Турските вооружени сили ги гаѓаат позициите на подмолните терористи
Позициите на ПЈД, продолжението на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во Мунбич кај Алепо интензивно се бомбардираат од страна на Турските вооружени сили.
Мунбич е едно од клучните места на Сирија.
Мунбич се наоѓа на западната страна на реката Еуфрат и минатата недела премина под контрола на терористите на ПЈД.
Од друга страна пак и позициите на терористичката организација ДЕАШ во Џераблус кај Алепо се наоѓаат под тешко бомбардирање на турските хаубици.
Гранатите и ракетите кои се исфрлаа од Џераблус кој се наоѓа на спротивната страна на местото Каркамиш кај Газиантеп предизвикуваа жртви и повреди кај турските граѓани.