Споделено видеото кое Ердоган му го покажа на Трамп

Претседателот на Управата за комуникации при кабинетот на претседателот Фахретин Алтун преку профилот на социјалните мрежи го сподели видеото кое претседателот Реџеп Тајип Ердоган им го покажа на американскиот претседател Доналд Трамп и некои американски сенатори во рамките на посетата на Вашингтон.

Алтун во објавата преку твитер во врска со видеото го истакна следното:

„Видео кое вчера претседателот Ердоган им го покажа на претседателот Трамп и некои американски сенатори во Белата куќа во Вашингтон. На видеото во детали се раскажуваат масакрите на терористот под кодното име „Мазлум Кобани“.

На видеото што Фахретин Алтун го сподели со титлуван превод на англиски јазик може да се видат низа примери од масакрите на еден од челниците на терористичката организација ЈПГ/ПКК познат под кодното име Мазлум Кобани кои ги извршил во рамките на терористичките напади во Ајн ал-араб (Кобани) во Сирија.