Силни врнежи од дожд и град во Истанбул

Силните врнежи од дожд пропратени со силен ветер го парализираа животот во Истанбул.

На места паѓаше и град кој оштети голем број возила.

На пристаништето Хајдарпаша се појави пожар како резултат на превртување на дигалка врз танкер полн со нафта.

Метро станиците во Истанбул беа поплавени така да извесно време затворен беше сообраќајот во тунелот Аврасја кој под водите на Босфор ги спојува европскиот со азискиот дел на Истанбул.