Претседателот Ердоган сподели објава со музички спот на неколку јазици посветен на Аја Софија

Претседателот Ердоган во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер, напиша: „ Аја Софија... На твојот свод (твоето кубе) нека веат ветровите на слободата. Уште од памтивек ти си наша, а ние сме твои.“

Песната во музичкиот спот се пее од страна на пејачи од различни земји и тоа на киргиски, бошњачки, албански, азериски, курдски, свахили, арапски, бенгалски, како и на турски од страна на авторот на текст и композитор на песната Јуџел Арзен.