Пожар во ученички дом во Аладаг кај Адана

Во пожар што се појави синоќа во еден приватен женски ученички дом во населеното место Аладаг кај градот Адана животот го загубија 12 лица од кои 11 женски ученици и еден вработен во ученичкиот дом. Се претпоставува дека пожарот се појави поради проблем во електричната инсталација.