Почнаа премините низ тунелот Евроазија, под Босфорот

Утрово започнаа премините низ тунелот Евроазија кој што поминува под Босфорот и ги поврзува двата континента Европа и Азија под морето по магистрален пат.

Овој грандиозен проект свечено беше пуштен во употреба од страна на претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган.

На церемонијата учествуваа и премиерот Бинали Јилдирим и голем број поканети гости меѓу кои имаше и премиери, претседатели на држава и други угледни странски гости.

Со ставањето во употреба на овој грандиозен проект, тунел под морето, ќе се изнајде коренито решение за проблемот со интензивниот сообраќај во Истанбул и растојанието помеѓу двата брега на Истанбул од сегашните 100 минути ќе може да се помине за само 15 минути.

Делот 5,4 километри од тунелот Евроазија се состои од двоспратен тунел кој што е изграден под морското дно со специјална технологија и е поврзан со поврзувачки тунели со метро линиите низ Истанбул. На ист начин се завршени и работите за проширување и поправање на патот и во вкупна должина од 9,2 километри на европскиот и азискиот брег.

Тунелот Евроазија како еден од водечките инженерски проекти на светот ќе располага со развиен систем за 24 часовно безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.