Марш за проколнување на тероризмот

На митингот што се одржа во населеното место Малазгирт кај градот Муш голем број граѓани ги проколнаа терористичките напади. Граѓаните и покрај студеното време го исполнија мегданот пред зградата на кајмакамлукот на Малазгирт.

Големиот број граѓани со турски знамиња во рацете извикуваа слогани „Проклета да е ПКК“, „Шехидите не умираат, татковината е неделива“ и „Да се искршат рацете кои посегнуваат по полицијата“. На митингот на кој беше протестирано против нападите на терористичката организација против безбедносните сили и цивилите беше читано Куран и се читаа дови (молитви) за загинатите припадници на безбедносните сили во терористичките напади.