Ердоган престојува во дводневна поcета на Пакистан

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган престојува во дводневна посета на Пакистан.

Ердоган на аеродромот на воздушната база Нур Кан во Исламабад беше пречекан од страна на премиерот Наваз Шериф.

По средбата со премиерот Шериф, претседателот Ердоган во претседателскиот дворец одржа средба со пакистанскиот претседател Мемнун Хусејин.

По тет-а тет средбата, Ердоган учествуваше на вечерата што беше приредена во негова чест од страна на пакистанскиот домаќин.

Во делегацијата која го придружуваше претседателот Ердоган во рамките на посетата на Пакистан се наоѓаат потпретседателите на владата Вејси Кајнак и Тугрул Туркеш, началникот на генералштабот Хулуси Акар, министри и бизнисмени.

Во рамките на посетата ќе бидат разменети мислења во врска со преносот на училиштата на Фетулахистичката терористичка организација паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ).

Пакистанските власти бараа до 20 ноември 108 учители и наставници во 23 училишта на терористичката ФЕТО заедно со семејствата да ја напуштат земјата.

Претседателот Ердоган ќе одржи говор на седницата на националното собрание и Сенатот на Пакистан.

Едно од приоритетните прашања се  економските односи.

На разговорите ќе се разменат мислења за зголемување на досегашниот трговски обем кој изнесува 700 милиони долари.

Бизнисмените на двете земји ќе разменат мислења за можностите за инвестирање.

По посетата на Пакистан, претседателот Ердоган ќе отпатува за Узбекистан.