Започна Самитот на лидерите на Г20 во Кина

Во Кина започна Самитот на лидерите на Г20 на кој учествува и претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Лидерите во говорите на седницата говорат за новата улога на унијата.

Кинескиот претседател Кси Џинпинг гостите ги пречека со високи државни почести.

Нешто потоа, пред официјално да започне Самитот, лидерите се фотографираа за семејна фотографија.

Претседателот Ердоган на фотографијата се фотографираше веднаш покрај домаќинот на Самитот, кинескиот претседател Кси Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин.

Пред фотографирањето, Ердоган одржа средба со Путин.

Самитот во Хангџоу започна со поздравниот говор на кинескиот претседател Кси Џинпинг.

Веднаш потоа се премина на седницата „Зајакнувањето на координационата политика и нова улога за раст“

Во вечерните часови кинескиот претседател Џинпинг ќе приреди свечена вечера во чест на високите гости.