Започна операцијата на градот Рака во Сирија

Курдско-арапските сили поддржани од САД ги започнаа нападите против терористичката организација ДАЕШ во Рака. Во операцијата наречена „Гневот на Еуфрат“ учествуваат 30.000 борци. Во рамките на операцијата која ќе биде реализирана во две фази најпрвин ќе бидат заземени населените места и селата во околината на градот Рака, а потоа градот ќе биде изолиран и целосно ќе биде воспоставена контролата.