За евакуација на жителите на Алепо се чекаат автобуси

Автобусите кои се чекаа за евакуација на бунтовниците и нивните семејства од Алепо, пристигнаа во контролниот пункт Рамусех кој се наоѓа под контрола на сириската армија.

Конвојот составен од зелени и бели автобуси пристигна во раните утрински часови во придружба на еден булдожер кој ќе го отвори патот.

Сириските опозиционери се подготвуваат да се повлечат од Алепо по судирите кои траеја со години и постигнувањето на примирјето за Алепо и со овој чин на сирискиот претседател му ја предадоа најголемата победа во петгодишната војна.